Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево во 10 часот и 27 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени го потрсе охридско и во 08 часот и 36 минути.
Уште десетина послеби земјотреси се регистрирани изминатата ноќ.
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.