Второто издание на „Т’к так фест“, кој денес и утре ќе се одржува во Кавадарци во чест на починатиот рок-музичар, тапанар и композитор Трајко Каров, ќе ги собере македонските рок-легенди, кои заедно со своите наследници ќе се придружат во хуманитарната мисија за помош на нашата Маја Керова.
Таа итно мора да замине на лекување во Клиниката на д-р Бурзински во Хјустон, која третира пациенти заболени од рак со специјализирана персонализирана терапија базирана на молекуларно профилирање.
Резултатите од третманот што се практикува во клиниката се фасцинантни, а трошоците за лекувањето изнесуваат од 60-180.000 американски долари.
Според организаторите на „Т’к так фест“, кутии за донации ќе бидат поставени до секој од штандовите што ќе се наоѓаат на фудбалското игралиште при спортскиот центар „Јасмин“, а сите тие што не сакаат јавно да го искажат својот хуман гест, можат своите донации да ги уплатат на трансакциската сметка: 21050-16342884-47 отворена во НЛБ Тутунска банка (со цел на уплатата Донација за лекување на Маја Керова) или повикувајќи ги следните телефонски броеви: 077 143 702 за корисниците на „Вип“ мобилниот оператор, 075 143 133 за корисниците на „Оне“ мобилниот оператор, 070 143 132 за корисниците од „Те-мобиле“ мобилниот оператор, како би донирале 100 денари со секое јавување.
Донации може да се уплатат и на девизната сметка: Maja Kerova, Ul.Ilindenska 60/13 Kavadarci Makedonija , IBAN: MK07210501634288447, SWIFT:TUTNMK22
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хуманитарен концерт на Дино Имери во Македонската опера и балет
-
„Хуманитарен концерт на Дино Имери“, како замена на откажаната претстава „Мадам Батерфлај“
-
Голем хуманитарен концерт за помош на лицата со интелектуална попреченост
-
Хуманитарен концерт во организација на ученици на „НОВА“: Ќе настапат „Ареа“, „ПМГ Колектив“, „Милко“