Еден Нигериец е уапсен на истокот на Франција во обид да прошверцува 79.000 евра во дигестивниот тракт и уште 13.000 швајцарски франци во облеката и чорапите, објави царинската служба на Франција.
Мажот е приведен во близина на автобуката станица во Страсбург. Прво им рекол на цариниците дека живее во Шпанија и заработувал со миење садови во ресторан, а потоа им понудил и друго објаснување за потеклото на парите штио се обидел да ги прошверцува.
Паднал кога куче тренирано за откривање дрога надушкало канабид во банкнотите што ги имал во облеката и во утробата.
Кога полицијата му извршила рентгенско снимање, открила дека мажот во себе имал 9 презервативи полни со банкноти од по 200 и 500 евра, или вкупно 79.000 евра.
Притворен е и обвинет за перење пари стекнати со продажба на дроги и за давање лажен исказ во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.