| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ќе оствари средба со Нимиц

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во текот на денот ќе оствари средба со посредникот во спорот за името Метју Нимиц.

Средбата меѓу лидерот на најголемата македонска политичка партија и медијаторот Нимиц доаѓа откако претходно Нимиц се сретна со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Нимиц вчера разговараше со претседателот Ѓорге Иванов.

Нимиц во изјава за медиумите денеска оцени дека за да се реши проблемот требало општ напредок, односно „двете страни да размислат многу сериозно и многу внимателно да се слушаат меѓу себе“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top