| четврток, 6 декември 2018 |

Таравари со имотниот лист во клубот на богатите во владата на „просечниот“ Зоран Заев

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) гo објави имотниoт лист на министерот за здравство Арбен Таравари.

Според поднесениот анкетен лист на министерот за здравство, Арбен Таравари до Државната комисија за спречување корупција пријавил на свое име пријавил само Волво, вредно 3 милиони денари и денарски депозити.

На име на брачниот другар пријавил два стана во Скопје, едниот од 94 метри квадратни, вреден 5,7 милиони денари, другиот од 50 метри квадратни, вреден 1,9 милион денари.

На име на родителите пријавил неколку деловни простори, куќа, двор, градежно земјиште во Гостивар, а за дел од овој имот не дал податок како е стекнат. Како заеднички имот пријавил златен накит вреден 1,3 милион денари и уметнички слики, вредни 245 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top