Земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, во 9 часот и 58 минути, во охридското епицентрално подрачје.
Земјотресот, почувствуван во Охрид и околината, бил со интензитет од три степени според Европската макоросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стпени според Рихтер.
Сега повторно охриѓани почувствуваа земјотрес. Овојпат посилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.