Страшна трагедија се случи во сараевската населба Нахорево. Убиството на вреден и чесен земјоделец А.П. го зави во црно местото Тој зад себе остави сопруга и три малолетни деца, а животот го загуби токму поради тоа што сакаше да го заштити малолетниот син, објави порталот Ексклузива.ба.
За порталот говори соседот на убиениот кој вели дека во петокот околу 21 часот малолетниот син на убиениот со скутер се возел низ Нахорево до соседната населба Кромољ. Таму го застанале и го претепале седум момчиња.
Кога малолетникот видно вознемирен и претепан стигнал дома неговиот татко А.П. поради сериозните повреди и модринките кои му биле нанесени се упатил во Кромољ за да види во што е проблемот и кој и зошто го претепал неговиот син.
Таму го дочекала истата група од седум момчиња кои продолжиле со насилничкото однесување. Почнале да применуваат сила на него, го удирале со тупаници и со нозе, како и со тапи предмети. Мештаните бргу викнале полиција која ги привела напаѓачите, додека брутално претепаниот А.П. со возило за брза помош бил префрлен во Универзитетскиот клинички центар Сараево на Кошево.
За жал, еден ден подоцна тој им подлегнал на повредите. Мешатаните се сеуште во шок и не можат да поверуваат што се случило. Убиениот А.П. го опишуваат како вреден и чесен човек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повторно скандал: Масовна тепачка на прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури (видео)
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Драма во студентскиот дом „Стив Наумов“: Претепани се две лица