Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) највисоките температури измерени денеска изнесуваат 42 степени целзиусови, а во Куманово од 38 до 39. Според фотографијата поставена на социјалните мрежи, термометарот поставен пред еден маркет во центарот на Куманово означи рекорд, 52 степени целзиусови, објави локалниот портал „Кумановски муабети“.
Рекордот со највисока измерена температура досега во Македонија е постигнат на 24 јули 2007 година во Демир Kапија, кога се измерени 45,7 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.