| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за семејната трагедија во Бутел

Мајката и ќерката се наоѓаат во животна опасност откако денеска на пладне нивниот сопруг односно татко со огнено оружје пукаше кон нив во скопски Бутел.

Околу 12 часот 84-годишниот П.Т. со огнено оружје пукал кон неговите сопруга, ќерка и внук во куќата на улицата „Хо-Ши-Мин“. На лице место го усмртил 32-годишниот внук Т.С., додека сопругата П.Т. и ќерката Л.С. (58) тешко ги повредил. По нападот старецот се самоубил. Неофицијално, 84-годишниот П.Т. имал проблеми со алкохолот.

Неофицијално, едната жена се наоѓа во постабилна состојба, а другата била во кома. Таа е погодена со три куршуми, пишува „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top