Заев го замолил еврокомесарот Хан да ургира кај Села Законот за употреба на албанскиот јазик да биде ставен за гласање по локалните избори, информира декеска албанската новинска агенција ИНА.
На средбата меѓу лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села и еврокомесарот Јоханес Хан Села ги повторил своите стоишта дека доколку во рок од 100 дена не се изгласа Законот за албанскиот јазик, тој ќе ја напушти владината коалиција. На оваа „необична“ средба Села се покажал многу упорен во барањата на Албанците, особено за статусот на албанскиот јазик во Македонија, пишува ИНА.
ИНА дознава дека Хан поттикнат од Зоран Заев побарал од Села Законот за јазици да биде донесен по локалните избори. Изворот на ИНа открива дека Села му кажал на Хан дека доколку во рок од 100 дена не бидат донесени измените и дополнувањата во Законот за јазици, тој ќе ја напушти Владата.
Хан продолжил со притисокот кажувајќи му дека ова би го оштетило Заев на локалните избори, а би профитирала партијата на Никола Груевски.
–Јас ги застапувам интересите на мојот народ. Пред граѓаните ветив дека во рок од 100 дена ќе се донесе законот за албанскиот јазик. Не ме интересираат други калкулации, во тие 100 дена ќе ја напуштам Владата, доколку премиерот Заев не рефлектира, рекол Села, потврдуваат избвори од ДР-ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Села ќе бара интервенции во Уставот: Во пасошите да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија
-
Се бара оставка од Филипче – Алијансата на Албанците незадоволна од работата на министерот за здравство