Ноќеска на полноќ истече мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Судот ќе одлучува по обвиненијата кои беа покренати до 30 јуни 2017 година, а од 1 јули 2017 година СЈО веќе не може да покренува обвиненија.
За сите предмети кои ги водеше ова обвинителство, а не отвори обвиненија, должно е, според законот, да изготви решение за прекин на постапката.
Заканите на Катица Јанева дека „ниту 30 јуни ништо не менува“ и дека СЈО ќе продолжи да работи по делата и дека и натаму ќе поднесува јавно обвинителски одлуки се незаконски и обид за незаконско продолжување на неговото дивееење. Според Маневски „треба да бидеме на чисто дека после 30 јуни тоа јавно обвинителство не може ниту да покренува ниту претходни, ниту истражни постапки, ниту да поднесува обвиненија против било кое лице“.
-Слушаме сега некои разни начини на кои тоа ЈО настојува да ја продолжи работата, па да се префрлело во ОЈО, што е крајно недопустливо или да може и понатаму да ги следи телефонските разговори и да покренува предистражни и истражни постапки. Тоа е незаконито и апсолутно недозволиво затоа што тоа јавно обвинителство веќе нема мандат да покренува било какви постапки против било кое лице– објаснува Маневски.
Основањето на СЈО е дел на политички договор од Пржино и тоа е еден хибриден орган кој нема основа во Уставот. Тој орган беше основан со строго утврден рок и само во истиот може да се поднесуваат обвиненија или да се запре истрагата, оценува поранешниот министер за правда Михајло Маневски.
-Според членот 22 од Законот за СЈО, јавниот обвинител кој раководи до Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци. Тоа значи дека времето на дејствување на тој специјален јавен обвинител е ограничено на 18 месеци, како што е договорено и наведено во членот 22.
Наместо 18, СЈО имаше точно 21 месец за отворање обвиненија, оф 15 септември 2015 година, кога беше формирано Специјалното обвинителство, до вчера, 30 јуни 2017 година.
Всушност најавата на СЈО не е ништо друго туку јавна закана против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката хајка која ја врши како инструмент на Зоран Заев, а во пресрет на загрозување на националните интереси со воведување на двојазичност и креирање на бинационална држава, предавање на македонската историја и јазик на денот на прославата на Илинден, како и на решение на спорот со Грција на сметка на македонските интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.