| четврток, 6 декември 2018 |

Збогум на животот на висока нога-Соња обожава скапа гардероба и луксузни патувања, а сега ќе остане без нив!

Аца Лукас има намера на својата наводно неверна сопруга да и земе се што и дал за време на бракот,а планира на ќерката Викторија да и остави стан.

-Лукас на својата сопруга Соња и купи автомобил, и го финансираше бутикот и го купи станот во кој заедно живееја, а сега кога ќе се разведе, планира сето тоа да и го земе.Апсолутно е сигурен во таа одлука, бидејќи не сака веќе да ја финансира, ниту пак сака таа да продолжи да живее со погодностите кои тој ги создаде за неа со својата работа.Околу имотот сигурно ќе има мешаница, бидејќи никој не верува дека таа ќе се откаже од сите погодности толку лесно- вели за Блиц, извор близок на пејачот.

Со оглед на тоа дека Лукас е горд на својата 6 годишна ќерка Викторија, тој за неа ќе даде се.

-Лукас реши еден стан да и остави на својата наследничка и тоа нема да има никаква врска со Соња- рекол изворот.

Сепак тој се плаши дека Соња ќе манипулира и ќе го уценува со ќерка му.

-Тој многу е врзан со Викторија и се плаши дека Соња ќе игра на таа карта и дека ќе му брани да го гледа детето. Сепак спремен е и за таа битка-објаснува изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top