Илјадници приврзаници синоќа на аеродромот во Истанбул го пречаа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој по посетата на земјите од Северна Африка се врати во Турција. Во меѓувреме, пак, илјадници демонстранти се собраа на плоштадот Таксим кои бараа негова оставка. По слетувањето во Истанбул, Ердоган побара итно запирање на антивладините протести кои денеска влегоа во осмиот ден:
– Повикувам за ставање крај на демонстрациите, кои го загубија демократскиот карактер и се претворија во вандализам, проследен со разурнувања на објекти и кражби во продавници, изјави Ердоган.
Тој даде уверување дека сите тврдења за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите се истражуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.