| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно-пред 15 дена доби близнаци, а за четири месеци повторно ќе стане татко

Прославениот фудбалер, Кристијано Роналдо неодамна доби близнаци, а за кратко време изгледа повторно ќе стане татко.

Сурогат мајката која ја нагажирал за таа цел на свет донесе две деца, момче и девојче. Но најинтересно е што тој за 4 месеци повторно ќе стане татко.

Неговата 22 годишна девојка, Георгина Родригес наводно е во петтиот месец од бременоста, пренесуваат медиумите. Таа би требало да се породи на крајот на октомври и да роди девојче.

Извори блиски на парот тврдат дека сите се среќни поради доаѓањето на новото бебе и дека целото семејство на Роналдо ја прифатило со одушевување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top