| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ќе мора да плати казна бидејќи и забрани на Русија да учествува на Евросонг

Европската радиодифузна унија соопшти денеска дека на украинскиот јавен сервис му одредила „значителна парична казна“ поради тоа што земјата и забрани на руската пејачка Јулија Самојлова да учествува на натпреварувањето за најдобра песна во Европа.

„Управниот одбор за напреварување (за песна на Евровизија) препорача Националната јавна радиодифузна компанија на Украина да добие значителна парична казна“, се наведува во соопштението од ЕБУ.

Портпаролот на ЕБУ, Дејв Гудман не откри колкав износ е во прашње, но директорот на украинскиот радиодифузер Заруб Алсанија рече дека сумата би можела да изнесува и 200.000 евра.

Украина и забрани учество на Самојлова поради тоа што таа настапувала пред руските сепаратисти на Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top