Само човек кој не верува во себеси или нема доверба во себеси бара другите да му аплаудираат, коментира професорот Љубомир Цуцуловски, кој вечерва гостуваше во емисијата „Ѕид“ на ТВ Алфа.
Според него, човек кој е сигурен во себе сигурен е и дека ќе добие аплауз, бидејќи верува во своите квалитети. Тој тоа го очекува и е скоро сигурен дека ќе го добие.
-Така што, аплауз по нарачка бара само оној човек кој не е сигурен во себеси. Пејачот кој излегува на бина и е сигурен во своите квалитети однапред знае дека ќе добие аплауз. Вака ми делува како да се нарачани 10 ќебапи со кромидче, истакна Цуцуловски.
За Цуцуловски не е чудно што ДУИ е изземена од случаите на СЈО, зашто кога би било обратно, тогаш не би постоела коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.
-Нормално е дека ДУИ го нема во обвининенијата на СЈО, бидејќи ако ДУИ го имаше ќе ја немаше коалицијата. Според тоа, објаснувањето е доста едноставно, или едно од објаснувањата е токму тоа, истакна Цуцуловски.
Додаде дека за да се дојде на власт треба однапред со некого да се коалицира, а тој треба да се аболира или да се ослободи од какво било обвинение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.