| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар во сервис за бела техника во Ѓорче Петров

Попладнево избил пожар во сервис за бела техника во Ѓорче Петров, јави Курир.

Пожарот избил во сервис за бела техника на улицата „Радушка“ до кој имало уште еден сервис за возила кој не е во функција.

Како што велат од Противпожарната бригада, имало опасност за ширење на огнената стихија на околните станбени објекти, но со брзата интервенција на пожарникарите, тоа било спречено.

Во пожарот нема повредени граѓани, ниту пожарникари, а причинета е само материјална штета, како на сервисите, така и една куќа која се наоѓала во близина. Куќата не била зафатена од пожарот, туку причинетата штета е врз фасадата, како последица на температурата.

Противпожарните служби интервенирале со 8 возила и 20 пожарникари.

Пожарот е изгаснат, а засега не е позната причината за неговото избивање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top