| четврток, 6 декември 2018 |

Путин не го убил Немцов, туку некој друг

Заур Дадајев е прогласен за виновен како извршител на убиството на поранешниот вицепремиер Немцов, најголем критичар на претседателот Владимир Путин, во февруари, 2015 година во близина на Кремљ.

Останатите четворица се прогласени за виновни за соучесништво.

На групата Чеченци наводно им била ветена награда од 250.000 долари за убиството на Немцов, а тие пред судот ги негираа сите обвиненија.

Семејството на Немцов стравува дека нарачателите на убиството можеби никогаш нема да бидат најдени и осудени. Руските власти уште трагаат по уште еден Чеченец кој исто така се поврзува со убиството, Руслан Мухудинов. Се смета дека тој побегнал во странство.

Адвокатите на семејството на Немцов тврдат дека инспекторите ја преувеличале улогата на Мухудинов во убиството и дека нарачателите се „луѓе на високи позиции“.

Немцов беше вицепремиер за време на претседателскиот мандат на Борис Јелцин во 90-тите и подоцна стана остар критичар на Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top