| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО се јавува секогаш кога е загрозена државата

Една од главните карактеристики на постоењето на СЈО е наметнувањето во јавноста секогаш кога се загрозени државните интереси. Тоа е случај и сега, кога јавноста е згрозена од продавањето на македонската историја и македонскиот јазик на Бугарија, најавената заедничка прослава на Илинден и воведувањето на двојазичноста во август и во пресрет на брзото преименување на државата и народот на сметка на грчките интереси. Токму за таа цел  во екот на летото, додека се одвиваат овие процеси, од СЈО и Заевиот клан ќе притискаат постојано некој од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да е пред судот, некому да биде одреден притвор, некој да биде осуден, да се создаде негативна слика и перцепција, за да се покријат ставовите и несогласувањата на ВМРО-ДПМНЕ со загрозувањето на националните и државни интереси.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top