| четврток, 6 декември 2018 |

Политичката хајка на СЈО против ВМРО-ДПМНЕ продолжи до крај

Катица Јанева и целиот тим на СЈО до крај останаа на трасата за која и беа воспоставени- да водат политичка хајка само и само против една политичка партија и нејзини функционери до самиот крај. Дури и на последниот законски ден од регуларното функционирање на овој подметнат израсток на македонскиот судски систем, се покажа дека тоа работи исклучиво против раководството и функционерите со звучни имиња на ВМРО-ДПМНЕ, додека сите останати партии се вон полето на интерес на СЈО. Сериозно прашање е како е можно на толку многу телефонски разговори да нема ниту едно обвинение за некој кој не е дел од ВМРО-ДПМНЕ.

И тоа се провлекува низ сиот нивен мандат. Водењето политички наспроти правен процес беше јасен не само со тоа што Зоран Заев ги најавуваше дејствијата на СЈО,  туку и заевиот медиумски клан со соросово-усаидска поткрепа добиваат „полуинформации“ со шпекулативен карактер за оцрнување на креирање лажни перцепции во јавноста во пресметката со ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока беа и најавите за делувањето на крајот, со најавата за одеднаш поднесени повеќе обвиненија, со што директно се закануваа кон само една политичка опција, со што се докажа дека ова обвинителство е само политички инструмент. И од правна гледна точка на место е и прашањето за квалитетот на тие обвиненија, ако се земе предвид дека за две години беа поднесени само три, што ја докажува намерата под постојана закана да се држи ВМРО-ДПМНЕ.

-Мислам дека тоа е една исклучително голема закана, која што се наговестува на неколку пати, го слушаме тоа, ќе поднеле 15-тина обвиненија, против 120 лица. Мислам дека ако досега поднесоа три обвиненија, за некаде околу 2 години постоење, значи сега се наговестува дека ќе поднесат околу 15-16 обвиненија. Тоа ќе биде со недоволно истражени состојби, обвиненија без докази, само колку да се бламираат одредени личности, затоа што ова е СЈО, не е за гонење на овие дела од прислушкуваните разговори, туку ова е за гонење на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Значи тоа е чисто политички орган, политички инструмент во рацете на Зоран Заев, кој што сака на тој начин да се пресметува со неистомислениците и кој што сака на одреден начин да се свети за одредени состојби, кои што не наоѓаат никаква поткрепа во никакви материјални докази, да може да се покренуваат толку постапкиоцени поранешниот министер за правда Михајло Маневски пред неколку дена за телевизија Алфа, каде нагласи дека тимот на СЈО се инструмент во рацете на Зоран Заев.

Една од главните карактеристики на постоењето на СЈО е наметнувањето во јавноста секогаш кога се загрозени државните интереси. Тоа е случај и сега, кога јавноста е згрозена од продавањето на македонската историја и македонскиот јазик на Бугарија, најавената заедничка прослава на Илинден и воведувањето на двојазичноста во август и во пресрет на брзото преименување на државата и народот на сметка на грчките интереси. Токму за таа цел  во екот на летото, додека се одвиваат овие процеси, од СЈО и заевиот клан ќе притискаат постојано некој од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да е пред судот, некому да биде одреден притвор, некој да биде осуден, да се создаде негативна слика и перцепција, за да се покријат ставовите и несогласувањата на ВМРО-ДПМНЕ со загрозувањето на националните и државни интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top