Утре, (30.06.) петок, со почеток во 21:00 часот, на Плоштадот „Мајка Тереза“ (плато пред Македонска опера и балет), ќе се одржи комична опера во два чина „Така прават сите“ – В.А. Моцарт во изведба на Оперскиот ансамбл на Уметничката академија од Осијек, Хрватска.
Солисти: Берислав Јерковиќ – баритон, Габриела Шкрабал – сопран, Борис Шили – баритон, Ања Папа – сопран, Мирна Видовиќ – мецосопран, Стеван Каранац – тенор, Анте Блажевиќ – пијано.
Оперскиот ансамбл на Уметничката академија во Осијек е формиран во 2010 година со цел оперското дејствување да биде јавно. Ги собираат бившите и сегашните студенти на
Уметничката академија во Осијек, професорите по музика како и гостите од земјата и од странство. Освен целосни оперски изведби, ансамблот изведува и концертни настапи на опери и оперети, но и на други вокални дела од музичката литература.
Меѓу најзначајните опери изведени од овој ансамбл се: Дидона и Енеј (Хенри Пурцел), Никола Шубиќ Зрињски (Иван Зајц), Џани Скики (Ѓакомо Пучини), оперетата Лилјакот (Јохан
Штраус помладиот), потоа Така прават сите (В.А. Моцарт), Љубовен напиток (Гаетано Доницети) како и бројни концертни изведби. Во моментов оперскиот ансамбл УАОС ја подготвува операта Фигарова свадба од Волфганг Амадеус Моцарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.