СЈО одработува за социјалдемократите и тоа е очигледно за целата јавност. Ова е мислењето на повеќето експерти по 18 месечната работа на Специјалното обвинителство предводено од Катица Јанева.Во текот на своето работење ова обвинителство не покрена ниту една постапка против член на ДУИ. Судејќи по постапките на специјалните обвинители,ДУИ се покажа како најчесна партија, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која е виновна за се. Што стана со случајот за Сулејман Дервиши директор на основното училиште „Реџо Рушит Зајази“ од Зајас кој е осомничен за незаконски склучен договор за градење на ново училиште во селото Горно Строгомиште, во Општина Зајас во јуни 2006 година. Што е со изборните нерегуларности во Чаир за кои се зборуваше?!
Оливер Андонов, универзитетски професор и аналитичар во едно негово гостување на ТВ дебата воочи со логички факти дека ВМРО-ДПМНЕ ги добило изборите, иако се наоѓало под жесток политички прогон.
– СЈО не беше проблем за ВМРО-ДПМНЕ, зошто ВМРО-ДПМНЕ би го гласале СЈО да влезе во законска процедура ако сметаше дека ќе му биде проблем, очигледно е дека никој од ВМРО- ДПМНЕ не се смета себе си за виновен и посебно не се согласува со инсинуациите на одредени групи дека се работи за криминална група, истакна Аноднов.
Тој додаде дека СЈО одработува за СДС, но и дека Заев селектирано објавуваше ги објавуваше бомбите:
– Зошто не ги објави сите факти кои ги има за Зоран Заев? Зошто не ги објави фактите за ДУИ? Него престана со тоа, вели Андонов.
Андонов потенцираше дека од досега виденото имаме креирани истраги-случаи само против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и дека се работи за класичен политички прогон и состојба која се создаваше за ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да ја изгуби власта, иако очигледно е дека граѓаните на Република Македонија повторно во мнозинство гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.