Мултимедијалниот проект „Бакнати од Сонцето“ чија премиера беше неодамна, вечер и утревечер од 20 часот повторно ќе биде изведен во Мала станица.
Претставата ја подготвија Златко Митрески и Македонка Илиевска, членови на „Театар Пи“, а во неа играат лица со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“ – Скопје. Проектот е резултат на соработката меѓу „Театар Пи“ и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелктуална попреченост-Порака.
– Низ ситуации и театарски игри со лицата со интелектуална попреченост се создаде материјал кој е дел на драматургијата во театарскиот перформанс „Бакнати од сонцето“. Акцентот е ставен на нивната способност да бидат изведувачи – перформери и ангажирано низ говорот на телото на сцена да споделат со публиката еден интимен театарски чин, соопшти „Театар Пи“. Влезот за посетители е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.