Мајкл Џордан ја има највредната колекција со титули, и лични признанија во модерната ера на кошарката, а зад него е Коби Брајант.
Популарниот Ем-џеј собра точно 17 пехари, 6 од нив шампионски круни и признанија за најкорисен кошаркар (MVP) во финалињата во НБА. Пет MVP трофеи му се доделени за најдобар учинок во регуларниот дел.
Зад него е Коби Брајант, а споредбата е направена пред стартот на финалето во НБА, ноќеска од 3 часот меѓу Мајами и Сан Антонио. И тука во двата тима има доста пехари, трофеи и вредни призанија, а предничат Тим Данкан (4,3,2) кај Сан Антонио и Леброн Џејмс (1,1,4) кај актуелниот првак Мајами.
Серијата почнува на Истокот, на Флорида, а Мајами е домаќин на првиот дуел. Се игра до 4 победи, а вреди да ја погледнете интересната форографија со пехарите на четворицата мускетари на светската кошарка и особено на НБА- лигата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.