Непримерна шега на млади пожарникари-доброволци во Полска, кои решиле градоначалникот на едно помало гратче во западниот дел на земјата да го испрскаат со воден топ, се претвори во трагедија, затоа што контактните леки што тој ги носел му нанеле повреди на очите, па лекарите сега се борат да му го спасат видот на едното око.
Градоначалникот Марек Цебула по службена должност учествувал во прославата на локалнитете пожарникари и во атмосфера на општа веселба неочекувано му се доближиле двајца млади пожарникари и го фатиле за рацете, додека трет го испрскал со млаз од водениот топ на противпожарната цистерна право во лицето.
– Лицето на градоначалникот се преплави со крв. Водата му ги извади контактните леки од очите, изјави еден од очевидците на глупавата шега за полската телевизја ТВН24.
Градоначалникот веднаш е префрлен во болница каде лекарите му пружиле медицинска помош. На едното око морале да му го шијат капакот, а во меѓувреме продолжуваат и напорите за спас на видот на второто око. „Шегаџиите“ ги очекува казна, иако тие тврдат дека не било нивна идеја, туку на нивни постар колега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.