| четврток, 6 декември 2018 |

Засилување во нападот: Гомис потпиша за Галатасарај

Поранешниот напаѓач на француски Лион, Бафетимби Гомис се пресели во Турција. Тој официјално беше член на премиерлигашот Свонси, но последната сезона ја одигра како позајмен играч во редовите на Олимпик Марсеј. Во наредниот период тој ќе го носи дресот на турски Галатасарај.

– Среќен сум што доаѓам во голем клуб како Галатасарај. Ова за мене е нов предизвик, и се надевам дека ќе ја оправдам довербата, изјави Гомис на промоцијата.

Гомис минатата сезона беше еден од најдобрите поединци во Марсеј каде во 31 натпревар постигна 20 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top