| четврток, 6 декември 2018 |

Познатиот тренер мета на потсмев: Toј што ти рекол дека добро ти стои, не ти е пријател

Еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата, Пеп Гвардиола е пример за добро облечен маж, а модните магазина често знаат да го пофалат за негвоиот одличен стил. Сепак, последните фотографии кои беа објавени од тренерот на Манчестер Сити, беа причина многумина да го искритикуваат новиот изглед на шпанецот кој по се изгледа, решил малку да го промени изгледот и да пушти бекенбарди.

„Тој што му рекол дека добро му стојат не му е пријател„, „изгледа како пропаднат рокер“, „избриши си ги белите траги од лицето“, „среќа што е на јахта, па нема многу луѓе да го видат“, се само мал дел од коментарите на социјалните мрежи за новиот имиџ на Гвардиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top