| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола сака да купи играч на Реал Мадрид

Манчестер Сити пред два дена официјално потврди дека Кајл Вокер за сума од 60 милиони евра е третото летно засилување за тимот по аквизициите на Бернардо Силва и Едерсон, а неполни 24 часа по објавата за доскорешниот играч на Тотенхем, клубот од „Итихад“ го потврди и четвртото летно засилување.

Понесен по примерот на Габриел Жесус, Пеп Гвардиола одлучи да купи уште една млада ѕвезда која доаѓа од бразилскиот фудбал, 19-годишниот Даглас Луиз кој од бразилските медиуми беше најавуван за еден од најдобрите и најталентирани играчи за врска.

Но, сега шпанска ,,Марка”излезе со сензационална вест за наредната желба на Пеп Гвардиола. Тој наумил да го донесе во редовите на Манчестер Сити играчот на Реал Мадрид, Данило за 30 милиони евра. Финансиите не се проблем за Манчестер Сити кој може да си допушти било кој играч за било која цифра. Често Гвардиола плаќа и повеќе од што треба, а веројатно тоа ќе биде и во случајот со Данило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top