Италијанскиот гигант кој последниве години се бори да се врати на старите патеки на славата, полека почнува да ги радува своите навивачи. Откако Милан драстично падна во однос на резултатите кои ги остваруваше, но и во квалитетот на играчите кои ги ангажираше, ова лето се чини врти нов лист.
Клубот беше и официјално продаден на новите кинески доминантни сопственици кои од одврзаа кесето и почнаа да финансираат во ростерот на играчи. Денес во клубот првиот тренинг го одработиле новите квалитетни дефанзивци, Матео Мусакио и Рикардо Родригез, а клубот фотографиите од новите засилувања во кација ги објави на социјалните мрежи. Освен со овие двајца, Милан се засили и со младиот португалски напаѓач Андре Силва кој во моментов е со својата репрезентација на Купот на Конфедерациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим