| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Микел Никвист, шведската филмска ѕвезда од култниот филм „Девојката со тетоважа на змеј“

По долгата борба со рак на белите дробови, почина 56-годишниот шведски актер Микел Никвист, најмногу познат по главната улога во „Девојката со тетоважа на змеј“ (The Girl with the Dragon Tattoo) и „Девојката што си играше со оган“ (Тhe Girl Who Played with Fire).

Тажната вест ја соопшти неговиот претставник за односи со јавноста, Алиса Гудман.

-Со тага ве известуваме дека нашиот драг Микел засекогаш не напушти. Шведскиот актер кој постигна светска слава отиде тивко, опкружен со најмилите, откако година дена се бореше со суровата болест, се вели во соопштението.

Никвист глумеше и во неколку други познати холивудски филмови, меѓу кои и „John Wick” и „Mission impossible”.

Во 2010 година напиша автобиографија во која ја опиша неговата 30-годишна потрага по своите биолошки родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top