Текстот на Никола Шиндре, каде што тој ја оправдува и релативизира педофилијата и вели дека би требало да ја сфатиме како нагон, наиде на остра реакција кај најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија. Од невладината организација „Здружение за здраво поколение“ побараа Министерството за труд и социјала да не молчи и да реагира за овој случај.
Во скандалозниот текст Никола Шиндре ја правда педофилијата како нагон, кој сме требале да го разбереме, а не како силување на малолетници.
Шиндре во својот текст, пишува: „ Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “ Релативизирање на педофилијата која остава трајни лузни врз детото, создава општество на морално искривена подлога.
Од здружението за здраво поколение, кое е составено од родители, велат дека требало веднаш да се реагира и овој текст да биде санкционирани согласно законите кои што владеат во Македонија.
-Како здружение за здраво поколение, невладина организација, згрозени сме од изјавите и написите на една јавна личност за жал, која што излезе минатата недела на социјалните мрежи. Досега, иако тоа требаше веднаш да биде санкционирано и последиците да бидат сносени согласно законите кои што владеат во Република Македонија и секаде во светот, педофилијата е забранета со закон. Наша обврска и цел како здружение и како родители од другата страна е да ги заштитиме нашите деца, изјави Ирена Мирчевска од здружението.
Тие бараат институциите да преземат мерки, бидејќи нивното молчење го разбираат како одобрување и стимулирање на таквите појави.
-Имено, изјавата која пропагира а и стимулира размислување во таа насока, за жал ја имаат само личности кои треба да бидат третирани од одредени институции, како што е Министерството за труд и социјална политика, а понатаму и други институции. Како родители сме загржиени, затоа што после една недела се уште немаме одговор од Министерството за труд и социјална политика, односно реакција од нивна страна, зошто нивното молчење значи одобрување и стимулирање на таквите појави, за уште повеќе да се разбудат тие болни мисли во главите на личностите кои што се закана за нашите деца. Таквото однесување, таквите изјави треба да бидат остро осудени и бараме реакција од надлежното министерство, изјави Мирчевска.
Тие велат дека се загрижени како родители сега во периодот кога нивните деца се по паркови и игралиштата, а регистарот за педофили кој што долги години фунцкионираше, веќе еден месец го нема.
-Како родители сме особено загрижени во овој период од годината, кога нашите деца се по парковите, кога се по игралиштата, дали се безбедни и дали некој кој што порано бил регистриран во регистарот на педофили, кој што беше на веб страната на министерството. Еден месец веќе не функционира тој регистар, прашањето ни е зошто тој регистар е затворен, а функционираше толку долго време. Уште повеќе сме загрижени и револтирани како родители, изјави Мирчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шокантна изјава на Бред Пит: Елита на педофили владејат со светот, Илуминатите ја водат секс трговијата со деца во Холивуд
-
Во Турција почна хемиска кастрација на сексуалните престапници
-
Само четворица запишани во српскиот регистар на педофили, отворете го македонскиот регистар
-
Илајџа Вуд: Врие од педофили во Холивуд