| четврток, 6 декември 2018 |

Во Турција почна хемиска кастрација на сексуалните престапници

_55642553_chemical_castrationВо турскиот Службен весник денеска беше објавена наредбата за воведување хемиска кастрација за сексуалните престапници, пишува „Хуриет дејли њуз“.

Според новиот пропис, медицинскиот третман, намалувањето или целосното уништување на сексуалната желба, може да се применува врз лица осудени за сексуални злосторства, како за време на издржување затворска казна, така и во контролниот период, ако тие се условно ослободени.

Сексуалните престапници, исто така, се задолжуваат да се вклучат во предложените програми за лекување. Имено тие, имаат забрана да живеат во регионот каде живеат или работат нивните жртви, да пристапуваат во реонот каде се наоѓа жртвата или да работат во средина која вклучува контакт со деца.

Осудените лица, за кои е одредена медицинска кастрација, можат да бидат испратени во соодветни медицински установи, ако тоа е неопходно, се наведува во наредбата.

Овие одредби не се однесуваат на осудени лица кои се на возраст под 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top