Шафранот е зачин кој се продава за 20 илјади евра за килограм. Поскап и од кокаинот, тој е древна лековита билка која отсекогаш била и се уште е најскап зачин на светот.
Шафран – билка која отсекогаш има неодолива и волшебна моќ, билка во која се бањала Клеопатра, за да ги сочува своите чари, а Александар Македонски со неа ги лекувал своите рани.
Многумина Иранци веруваат дека во чист облик шафран делува како антиоксидант, дека ја отстранува депресијата и дека е кулинарско оружје против Алцхајмеровата болест и ракот.
Во светот годишно се произведуваат 225 метрички тони од овој зачин,а само во Иран повеќе од четири петтини. Затоа шафранот се наоѓа секаде – во варивата, кебабот, јадењата со зеленчук, слатките.
Често се зборува дека шафранот се плаќа со иста тежина во злато, затоа што е многу тешко да го одгледувате и собирате.
Шафранот цвета на есен и тогаш се берат цветовите, внимателно се вадат црвените трижилни толчници и се сушат. За килограм на зачинот потребни се педесет илјади цветови.
Драгоцениот прав предизвикува трговска војна полна измами карактеристични за промет на бесценети камења или дрогата: евтини замени, разблаженни пакувања, лажни декларации. За иднината на „кулинарското злато“ се води вистинска војна.
Меѓутоа, се смета дека луѓето кои користат лажни зачини, не го познаваат суштинскиот вкус и мирис на вистинскиот шафран. Експертите веруваат дека толку исклучителен производ треба да остане автентичен и чист. Сакаат да знаат дали шафранот е обоен или му е додавана пченкарна свила.
За Иранците постои само еден шафран – оној кој е произведен во Иран. Иранците се убедени дека благодарение на специфичната комбинација на составот на земјата,климата и водата шафранот одгледуван во областа Корасан во североисточниот Иран е навистина единствен. Производство на овој зачин делумно се прави и во Македонија, Франција, Грција, Косово и Австрија.
Со укинувањето на финансиските санкции кон Иран веднаш беше поттикнато инвестирање во шафран. Малопродажната цена во Европа може да досегне и дваесет илјадата евра за килограм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.