Синот на легендарниот пејач на македнски народни песни Војо Стојановски, Дамјан продолжува на големо да ги следи чекорите од својот татко.
На повидок има неколку нови песни со музички жанр исти како на неговиот татко, односно народни и фолк песни. Посебно место минатиов период зазема песната „Тешко мина докторе” за која Дамјан сними и видеозапис.
– Видео записот се снимаше во живописниот манастриски комплекс на Света Недела во село Оровник. Песната потекнува од Пиринска Македонија, ја слушнав и веднаш ми се допадна, па сакав да ја отпеам“ – вели Дамјан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.