| четврток, 6 декември 2018 |

Осомниченитот охриѓанец за дрогирање на скопската двојка најавува самоубиство?!

Осомничениот за дрогирање на скопската двојка, кој е во бегство објавил порака на фејсбук во која се поздравува со пријателите. Според Охрид1, на Фејсбук кружи пост од профилот на Г.П кој е во бегство, а во кој тој делува покајнички , кажува дека ги сакал сите и дека ќе го завршел неговиот живот.

Драги мои пријатели и непријатели, на сите вас ви пожелувам долг и среќен живот. Мојот живт повеќе не вреди ни еден денар, па денеска згасува, но верувајте дека сите вас вечно ќе ве носам со мене и ве молам никој нека не тагува по мене. Само главата нека ви биде горе и живејте весело…

Полицијата не соопштува детали до каде е потрагата по Г.П. е осомничен во случајот со киднапирањето и дрогирањето на брачниот пар од Скопје кој беше пронајден на Галичица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top