| четврток, 6 декември 2018 |

Божем таа е светица-Камила обвинува дека Дајана била хистерична и го доведувала Чарлс до лудило

Новата биографија на војвотката од Кромвел, Камила, која доаѓа од перото на новинарот Пени Џуниор, наишла на големо внимание не само кај британските, туку и кај светските медиуми.

Некои делови од книгата фрлаат светло на животот во Бакингемската палата, бракот на принц Чарлс и Леди Дајана. Паранојата на Дајана и нападите на бес ставиле крај на нејзиниот брак со Чарлс, пишува во книгата.

Како што се наведува, пред венчавката, заедничките пријатели биле загрижени дека Дајана и Чарлс не се добар пар, дека немаат многу заеднички црти, а верувале и дека неа и се допаѓа само идејата да се омажи за него. Дури, тврдат и дека Дајана правела се за да биде нешто што Чарлс сака таа да биде.

Темпераментот на Дајана наводно им бил познат и на нејзините роднини, кои поради социјалниот статус кој венчавката го носи за нивното семејство, молчеле. На кралицата, Дајана и се допаѓала, посебно бидејќи била внука на нејзина стара пријателка, леди Рут Фермој. Подоцна, во 1993. година, како што наведува авторот на книгата, Рут им се извинила на кралицата и Чарлс што не ги предупредила, бидејќи наводно знаела дека Дајана е нечесна девојка.

На Чарлс Дајана му била драга, му делувала совршено, поради што не сакал да ја изгуби, а и верувал дека од пријателството може да се развие љубов. Сепак, Чарлс бил во заблуда и дури подоцна открил дека таа била наивна, лошо образована и незрела.

До моментот кога Дајана и Чарлс се свршиле, нивната врска била готова. Дури, тие двајца, како што се наведува во биографијата, имале добар однос. Но, се се променило во месеците пред венчавката. Хистерични напади, плачење и нерасположение биле секојдневие, а Дајана повеќе не била милата девојка која Чарлс ја запознал. Станала љубоморна, опседната со Камила, дури и почнала да ги врти луѓето против неа. Дајана била многу љубоморна на сите луѓе околу Чарлс, па дури и на самата кралица, но Чарлс верувал дека тоа е вообичаена нервоза пред венчавката и дека ќе помине по церемонијата. Сепак, никој на сфатил дека нејзините симптоми се составен дел од булимијата – тајната болест која ја имала.

Кога Камила сфатила колку и пречи на Дајана и колку се плаши од неа, одлучила да се држи на страна. Кога била канета на настани на кои била и Дајана, велела: Таму ќе има китови.

Дајана се плашела дека Чарлс никогаш нема да ја сака како што ја сакал Камила, но најмногу од се ја погодило кога пронашла алка дизајнирана за Камила. Тоа кај несигурната Дајана предизвикало напади на љубомора, а ни самиот Чарлс немал одговор на тоа дали ја сака својата поранешна девојка.

Медениот месец на Дајана во новата биографија на Камила бил опишан како „катастрофа полна со предупредувачки знаци“ и уште еден доказ колку новопечениот брачен пар има малку заедничко. Чарлс деновите ги минувал со книга, а Дајана не сакала да чита. Чарлс исто така сакал да слика, а Дајана еднаш ги уништила неговите слики додека бил отсутен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top