| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата банка во Австралија призна дека изгубила финансиски податоци на 20 милиони корисници

Најголемата банка во Австралија, Комонвелт банк, призна дека ги изгубила финансиските податоци на околу 20 милиони свои клиенти, но увери дека нема простор за вознемиреност.

Комонвелт Банк соопшти дека не може да најде два диска, на кои биле имињата, адресите и бројот на сметките на клиентите, како и детали за трансакциите остварени во периодот од 2000 до 2016 година. На дисковите немало пасворди или ПИН броеви, кои би можеле да се искористат за некаква измама, соопшти банката.

Соодветните регулаторни тела беа информирани кога банката не можеше да потврди дали дисковите се уништени или не. Банката најави и независна истрага за случајот.

Локалните медиуми наведуваат дека најверојатно дисковите биле уништени по грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top