| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува запишувањето ученици во средно образование

Во јавните средни училишта во Македонија утре и задутре (28-ми и 29 јуни) е првото пријавување и запишување на учениците во прва година во учебната 2017/2018 година во јунскиот упиен рок. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 30 јуни.

Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а резултатите ќе бидат објавени на 4 јули.

Документите потребни за пријавување и критериумите и условите се содржани во Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март и е поставен на неговата веб-страница (www.mon.gov.mk).

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе бидат објавени на 25 август.

Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат утврдените ученички места за запишување ќе продолжат со запишување ученици до 31 август 2017.

Поради укинувањето на екстерното тестирање, направени се измени во објавениот Конкурс во кој се избришани условите поврзани со резултатите од екстерното проверување на постигнувањето на успехот на ученикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top