| четврток, 6 декември 2018 |

И Најчевска застана зад педофилските ставови на шарениот Шиндре

Мирјана Најчевска, гласен поддржувач на СДСМ и пропагатор на „демократија“, не смета дека текстот на Никола Шиндре, во кој ја оправдува педофилијата како нагон, е текст за осуда, па наместо да се згрози и да го осуди, му се нафрла на Драги Змијанац, првиот човек на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

-Дајте бре олабавете малку со навалентната глупост и откачете се од скутот на конзерватвно-моралистичкиот и популистички посакуван приод карактеристичен за владеењето на ДПМНЕ, пишува во статусот на Фејсбук Мирјана Најчевска.

Таа продолжува и со низа навреди директно кон Драги Змијанац, бидејќи Меѓаши го осудија текстот на Никола Шиндре, активист на „Шарената револуција“.

-Драги, во изминативе години имаш направено многу глупости, ама оваа ти е една од поголемите, пишува таа во статусот.

Најчевска во статусот додава дека детето не било објект на заштита, поради тоа што било човек во развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top