| четврток, 6 декември 2018 |

Соросовите платеници со ставовите на Заев: Поддршка за двојазичност и кантонизација

Иако не се сложија за изборот на кандидати за пратеници, Заев и Најчевска се на иста линија кога станува збор за воведување на двојазичноста на целата терторија и за федерализацијата на Македонија.

najceska-dvojazicnost-gif3_

Платениците на Сорос, Мирјана Најчевска и Владе Милчин, едногласно му даваат поддршка на СДСМ за двојазичност и кантонизација, што и не е за чудење ако тргнеме од фактот дека СДСМ и Сорос работат по истата матрица. Ставовите на Заев се ставови на умовите кои под раководство на Сорос ја спроведуваат агендата за уништивање на Македонија.

zaev-svaj

Лидерот на опозицијата пред Албанците во Швајцарија ја промовираше, застапуваше, па и презентираше дел од својата изборна програма, кокетирајќи со албанската дијаспора, претставувајќи и залагајќи се за албанската кауза за двојазичност и федерализација, за веднаш тоа поранешниот директор на Фондацијата отворено општество, Владимир Милчн  од косовскиот претседател Хашим Тачи доби одликување „за заслуги за унапредување на Албанците“.

analiza221-milcin-hasim

Во застапување на двојазичноста и кантонизацијата, не остана покусо и Мирјана Најчевска. На својот блог Квадратура на кругот, напиша:

-Имаме држава во која… граѓаните не можат на шалтерите во целата држава да поднесат барање и на својот јазик, ниту пак можат да ги прочитаат упатствата на производите на сопствениот јазик, ниту да ги добијат информациите поврзани со обврските кон државата на сопствениот јазик, ниту пак да очекуваат дека докторот или медицинската сестра во некоја болница надвор од местото на нивното живеење зборува и на нивниот јазик, напиша Најчевска.

najceska-dvojazicnost-640x266

Според неа она што денес го промовира Заев е зрелост: „Јас лично мислам дека ова што денес го промовира Заев како програма на СДСМ претставува показател на зрелоста на партијата.“

Понатаму, таа смета дека вработените во јавниот сектор, како и децата од најрана возраст треба да учат албански јазик.

najceska-dvojazicnost-gif1_

-Да стимулира лекарите и наставниците и администраторите и сите во услужните дејности да зборуваат колку што е можно повеќе јазици на етничките заедници кои живеат во Македонија. И тоа да биде предност при вработување, нешто што носи поени….децата треба да се поттикнуваат да ги учат јазиците на етничките заедници кои живеат во Македонија. Од најмала возраст, пишува Најческа.

najceska-dvojazicnost-gif2_

А кога станува збор за кантонизацијата, „експертот“ исто како и Заев смета дека локалната самоуправа треба да има поголеми ингеренции.

-И мислам дека локалната самоуправа треба да има многу поголеми ингеренции од овие кои ги има, заклучува Најчевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top