| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО со неточни брифинзи сака да ја оправда својата неефикасност:Груевски досега ниту еднаш не одбегнал да даде изјава

Очигледно СЈО предводи политички, наместо правен процес. Тие денес ја продолжија праксата на протекување на полу информации и брифинзи кои имаат шпекулативен карактер водејќи наместо правна битка, лажна пресметка на перцепции и оцрнување на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО преку нивните медиумски мегафони соопштија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски намерно не доаѓал на распит со цел да нема обвинение, нешто што не е воопшто точно.

Имено од извори на партијата дознаваме дека Груевски до сега ниту еднаш не одбегнал да даде изјава и да биде сослушан, а во случаите кога поради оправдани причини отсуствувал праќал писмено известување до СЈО, иако немал законска обврска за тоа.

Ваквите дезинформации кои првично беа пренесени од „Дојче Веле“ беа дополнително надоградени. Па така Дојче веле во текстот се повикува на одбраната и дека тие соопштиле дека немало да има обвинение за случајот Талир поради одложувањата на сослушувањата, што повторно не е точно.

Како што велат извори блиски на партијата за „Република“ одбраната воопшто не дале таква изјава како што е и неточно дека Груевски од одбраната наводно бил советуван на такви одложувања, како што стои во конструираниот брифинг кој очигледно доаѓа од редовите на специјалното обвинителство.

Ова укажува дека СЈО се занимава со тотални конструкции чија употребна цел е политичка дискфалификација и манипулативен инжињеринг,а не правна работа.

СЈО очигледно ја промашува целта, и сето ова е производ што нема реални резултати од нивната работа. На секој можен начин се трудат да ја оправдаат нивната еифкасност.

Тие неформално имаа цели 21 месец, а формално цели 18 месеци за работа и истражување на незаконски прислушуваните материјали и покренување на обвиненија. За упатените СЈО се наоѓа пред големо фијаско, и разголување на фактот дека станаа политички инструмент за пресметка, наместо институција за докажување на правото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top