Повторно земјотрес ги возбуди жителите во преспанско охридскиот регион.
Пред малку е регистриран земјотрес со силина од 3,7 степени со епицентар на 5 километри северозападно од Ресен, на длабочина од 10 километри.
Еден час по полноќ земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтеровата скала вечерва во еден часот и две минути по полноќ го стресе Охрид и околината. Епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од Охрид, на длабочина од 5 километри.
Последните неколку денови зачестија земјотреси во регионот, а предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. За сега нема информации за штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.