Владејачката Социјалистичка партија на Албанија, на актуелниот премиер Еди Рама, е победник на парламентарните избори, покажуваат излезните анкети, според кои, оваа партија ќе освои меѓу 45 и 49 отсто од гласовите.
Според анкетите, објавени од италијанската агенција „ИПР маркетинг”, опозициската Демократска партија добила околу 34 проценти од гласовите. Според проекциите направени врз основа на овие резултати, Социјалистичката партија би можела да освои повеќе од половината пратенички места од вкупно 140.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.