Британскиот принц Хари, помладиот син на престолонаследникот, принцот Чарлс и покојната принцеза Дијана, призна дека во еден период размислувал да се повлече од кралското семејство. Во интервју за неделникот „Меил он Сандеј“ Хари изјави дека размислувал и да се откаже од титулата што му следува според раѓањето и да стане само обичен, британски граѓанин.
– Сепак, на крајот решив да останам и да ја задржам и понатаму улогата што ми припаѓа, посочи 32-годишниот принц.
Хари е петиот во редот на претендентите на британскиот престол, по татко му, постариот брат, принцот Вилијам и неговите две деца Џорџ и Шарлот. Во интервјуто тој признава дека престојот и работата во редовите на британската армија бил периодот на „најдоброто бегство кое било кога го направил“.
Младиот принц два пати, во сосема кусо време во разговори за два весника - американскиот неделник „Њузвик“ и сега британскиот, проконзервативен весник „Меил“ зборува за своите дилеми како дел од кралското семејство, но и за неговата улога и позиција во општеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.