| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер победник на турнирот во Хале

Швајцарецот Рожер Федерер ја продолжи доминацијата на турнирот во германскиот град Хале откако денеска во финалето го победи Александар Зверев (Германија) со 2­-0 во сетови. Федерер по девтти пат триумфираше на овој турнир, а мечот го доби за 55 минути.

Првиот сет заврши со резултат 6:1 во гемови за Федерер, а во вториот сет беше 6:3. Со оваа победа, тој му се реваншираше на Зверев за ланскиот пораз во полуфиналето на турнирот. Федерер турнирот го освои без изгубен сет и ќе добие 500 АТП поени и 400.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top