Секаква промена на содржините на учебниците по историја ќе има погубни последици за Република Македонија, тоа го тврдам најодговорно. Не сум запознаен со ниту еден пример во светот една држава да и диктира на друга држава каква историја да пишува во учебниците. Тоа не невиден преседан, изјави во ОКО на ТВ НОВА Никола Жежов, професор по историја.
„Според бугарската историографија претпоставувам спорни теми од нашата историја им се средновековието, Самоиловата држава, Илинденското востание. Меѓутоа навлегувајќи во таква стапица самите ќе си ја пресечеме гранката на којашто седиме“, смета Жежов.
Во ОКО со Горан Петревски, Жежов зборуваше за договорот за добрососедство со Бугарија, осврнувајќи се најмногу на точките кои би требало да се исполнат за потпишување на овој договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.