Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ц.(29) од струшкото село Долна Белица.
Пријавениот, казненото дело го сторил на автобуска постојка на улицата „15 корпус“ во Струга.
Нападнал возач на патничко комбе (Н.Ф) кое сообраќало на редовната линија Лабуништа – Струга, со тупаница, во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда на левото око.
Потоа, пријавениот, од продавница во непосредна близина на постојката, одзел кујнски нож по што повторно се упатил кон патничкото комбе.
Откако агресивниот М.Ц. забележал униформиран полициски службеник кој се движел кон комбето го фрлил ножот зад себе, но бил веднаш е приведен. Ножот подигнат и одземен, а повредениот Н.Ф. пренесен во општата болница во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.