| четврток, 6 декември 2018 |

Лукас заплака на сцената поради неверството на Соња

Аца Лукас минува низ вистинска драма поради неверството на сопругата Соња со Марко Јариќ.

Пејачот имал настап на сплавот „Порт“ и тагата кај него била очигледна. Пред самиот настап направил скандал, кога дошол со силно обезбедување, кое не дозволувало никој да му пријде, а посебно новинарите. Обезедувањето го чувало и додека седел во сепарето, каде бил и неговиот син Лазар. Синот воедно објави и порака која многу кажува.

Пејачот во еден момент почнал да ја пее песната на Саша Матиќ „Најди нова љубов“, а гласот му пукнал, додека солзите едвај ги задржувал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top