| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Груевски по повод празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија реис ул улема хаџи сулејман ефенди Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам, се наведува во честитката.

– Големите верски празнувања, се додава, се можност да се навратиме на вредностите и традициите кои се темел на исламската, но и на другите религии. Овие моменти да ги посветиме на семејството, да помогнеме на тие што им треба помош, но и да се воздржиме од лоши мисли. Тие вредности и чистиот дух се дел од денови поминати во пост. Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот. Чесниот живот и посветеноста на семејството се основа на градење на добро и функционално општество.

Во честитката стои дека посветеноста на Бога е заедничка на сите кои живееме на овие простори.

– Дозволете да повикам на слога и заедништво во сите области кои се заеднички за нас и нашите граѓани. Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Македонија секогаш била пример за соживот, почит и разбирање и само така може да очекуваме позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Заедно да работиме за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок во образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Само со заедничка работа може да создаваме дела и вредности кои на следните генерации, се истакнува во честитката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top