| четврток, 6 декември 2018 |

Ни тој не е цвеќе-Лукас реши да и го прости неверството на Соња!

Пејачот Аца Лукас им признал на пријателите дека е подготвен да ја заборави аферата на својата сопруга Соња, за која во последно време многу се пишуваше.

Тој и после седум години брак толку многу е заљубен во својата жена што сака да помине преку се што во послендо време се случувало, како би го сочувал семејството.

Лукас се надева дека сега кога Јариќ го прекинал секој контакт со Соња, таа афера ќе престане да ја потресува Србија.

-Аца ја обожава Соња и подготвен е на многу нешта, како што е и да прости неверство. На пријателите им рекол дека ја сака Соња и не сака развод, така што ќе даде се од себе да го спаси бракот. На неговата желба за смирување влијае и тоа што ја имаат 6 годишната ќерка Викторија, бидејќи би сакал детето да му расте со двата родители- рекол извор близок на фолкерот.

Тој додал дека Лукас не бил цевќе за време на седумгодишниот брак, но сопругата сепак се му простувала. Сега на ред е тој да помине преку наводната афера на Соња со кошаркарот.

-Лукас е голем женкар и тоа го знае цел град. Иако ја сака Соња, ужива да флертува и со други жени. Поради тоа таа често му правела сцени и му се заканувала со развод. И покрај се досега успеаја да го сочуваат бракот, но последнава афера ги растресла од темели. Аца се надева дека после три месеци колку што живее во хотел, конечно ќе се врати во заедничкиот дом. Проблемите успеале да ги изгладат и за време на неколкудневниот заеднички престој  во Турција- додала изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top